Достапни линкови

Државата неспособна да го продаде ОХИС


Протести на работници пред Влада.

Протести на работници пред Влада.

Кога се продаваат по 500 фирми, може ќе кажеш дека ете не може да се најде купувач, но кога продаваш 1, 2, 3 фирми, а не можеш да најдеш, значи целиот проблем што следува е дека владата не е способна да продаде ни еден загубар, вели правникот и синдикален експерт Драге Јовановски.

Главниот проблем во ОХИС не се вработените, туку неспособноста на државата да ја продаде фабриката, реагираат дел од упатените по информацијата дека 800 работници во некогашниот гигант во државна сопственост ќе се прогласат за технолошки вишок.
Нормало ако се најде инвеститор кој ќе го купи ОХИС и ќе продолжи со работа, ќе врати поголем дел од овие работници, меѓутоа она што досега како најави го имаме, значи не можеме да бидеме убедени дека досега вработените биле проблем за евентуално заинтересираните добри инвеститори.

Предвидено е вработените под Агенцијата за вработување да земат минимална испратнина од околу 1.400 евра, или по околу 10 просечни плати.

Ваквото решение е соодветно бидејки работниците моментално живеат во мизерија, вели претседателот на синдикатот СИЕР Пеце Ристески.

„Плати не земаат, значи немаат земено 23 плати и нема шанси да се земе наредна плата, не земаат здравствени картони.“

Ристески се надева дека со ваквата одлука ќе се олесни продажбата на пропаднатата фабрика, но напоменува дека вработените не биле главна пречка.
Фабриката ОХИС.

Фабриката ОХИС.


„Нормало ако се најде инвеститор кој ќе го купи ОХИС и ќе продолжи со работа, ќе врати поголем дел од овие работници, меѓутоа она што досега како најави го имаме, значи не можеме да бидеме убедени дека досега вработените биле проблем за евентуално заинтересираните добри инвеститори.“
Власта е должна сите плати да си ги исплати, бидејќи таа е газда по сите параметри. Не може да се продаде, ако не си способен да го продадеш нешто.

Синдикатот, за медиумите информира дека новиот инвеститор ќе има обврска за исплата на 23 заостанати плати за работниците. Платите ги должи државата, вели правникот и синдикален експерт Драге Јовановски.

„Власта е должна сите плати да си ги исплати, бидејќи таа е газда по сите параметри. Не може да се продаде, ако не си способен да го продадеш нешто.“

Главниот проблем, според Јовановски е неспособноста на власта да го продаде ОХИС и другите државни загубари.

„Кога се продаваат по 500 фирми, може ќе кажеш дека ете не може да се најде купувач, но кога продаваш 1, 2, 3 фирми, а не можеш да најдеш... Кај се тие промотори што кажуваат дека Македонија имала најевтини фабрики за купување и продавање, значи целиот проблем што следува е дека владата не е способна да продаде ни еден загубар, еден.“

Речиси две години, мнозинството вработени во ОХИС беа на принуден одмор, без плати и придонеси. Повеќепати излегуваа на протести, како во кругот на фабриката, така и пред Владата.

XS
SM
MD
LG