Достапни линкови

logo-print

Иран со нов предлог на разговорите во Женева


ЕУ соопшти дека Иран ја започнал дво дневната рунда разговори во Женева со меѓународната заедница со нов предлог. Портпаролот на шефицата за надворешна политика Кетрин Ештон, Мајкл Ман изрази воздржан оптимизам.
Ова е прва средба откако новиот ирански претседател Хасан Рохани ја презеде функцијата во август годинава.
Тој вети дека ќе го реши нуклеарниот спор за шест до 12 месеци. Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изрази надеж дека Техеран и шесте светски сили неделава ќе се согласат за патоказот за решавање на спорот. Иран бара олеснување на економските санкции од Западот и најавува дека е подготвен за „сериозни“ преговори.
Техеран ги негира западните обвинувања дека се обидува да произведе атомска бомба и тврди дека нуклеарната програма е мирнодопска.
Шесте сили и Иран последен пат се сретнаа пред шест месеци во Алмати, но средбата заврши без напредок.
XS
SM
MD
LG