Достапни линкови

Мировните мисии не држат блиску до НАТО


Архивска фотографија - Испраќањето на македонски војници во Авганистан.
Архивска фотографија - Испраќањето на македонски војници во Авганистан.

Со продолжувањето на мисијата на македонските војници во Авганистан, земјава ќе продолжи да придонесува за светскиот мир.

Зборувајќи за продолжувањето на мисијата на Македонија во Авганистан и по 2014 аналитичарите велат дека со тоа земјава ќе продолжи да придонесува за светскиот мир.
Тоа за Македонија, за жал, освен признание, ништо друго нема да значи, бидејќи со ова ние ништо нема да промениме во смисла на нашите насоки или желби што побргу да станеме членка на НАТО.
Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност.

Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност, изјави дека тоа е признание дека Македонија е подготвена да придонесува преку своите мисии за развојот и на цивилното општество. Тој потсетува дека треба да се има предвид дека во текот на извршувањето на мисиите војниците покажаа завидни резултати за што добија и одликувања.

„Еве сега позитивна последица од таквиот начин на работа, односно од таквиот начин на дејствување на припадниците на Армијата на Република Македонија во оваа мисија, предложено и и понатаму да останат во Авганистан, по повлекувањето на мировните мисии.“

Новата мисија што треба да ја имаат нашите мировници се однесува на помош на граѓанското општество на Авганистан. Ова придонесува за натамошно нивно
Еден од најголемите наши адути за членство во НАТО, е придонесот што го даваме во Авганистан и во мировните мисии, затоа мислам дека треба да се продолжи со тоа.
Исмет Рамадани, аналитичар.
докажување дека се способни директно да учествуваат, не само во создавањето на мирот туку и во создавањето на цивилното општество, вели Марковски.

„Нашите припадници со нивната стручност, ќе бидат вклучени во развојот на безбедносните структури, во обуката на тие безбедносни структури.“

Иако борбите во Авганистан одамна се минато, сепак останува многу да се направи во процесот за градење на оваа земја која е постконфликтно општество, смета Исмет Рамадани.

„Еден од најголемите наши адути за членство во НАТО, е придонесот што го даваме во Авганистан и во мировните мисии, затоа мислам дека треба да се продолжи со тоа, затоа што после тоа доаѓа период кадешто Република Македонија ќе го има својот дел и во тоа што значи и економски и друг интерес во Авганистан, односно во сите тие мисии кадешто учествуваме.“

Меѓутоа и покрај бројните мисии во Авганистан, како и во Либан, Ирак и Босна и Херцеговина, каде македонските мировници учествуваа со свои војници, спорот со Грција околу името ја кочи Македонија за влез во НАТО. Деблокирање на чекалницата за во НАТО нема да се олесни со продолжување на овие мисии, вели Марковски.

„Тоа за Македонија, за жал, освен признание, ништо друго нема да значи, бидејќи со ова ние ништо нема да промениме во смисла на нашите насоки или желби што побргу да станеме членка на НАТО.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG