Достапни линкови

Препорака заради препорака


Еврокомесарот Штефан Филе.

Еврокомесарот Штефан Филе.

Добро што пак ќе имаме препорака, оти можеше и да ја изгубиме, велат експертите, но нотираат дека тоа е знак оти Македонија стои во место и мора да се фокусира на забелешките.

Препораката за отпочнување преговори за членство во Европската унија која неофицијално Македонија ќе ја добие и годинава, според експертите е знак дека Македонија стои во место и мора да се фокусира на забелешките кои се нотирани во овогодинешниот извештај. Ако го гледаме тоа без голема амбиција, тоа значи дека е добро што пак имаме препорака, оти можеше и да ја изгубиме, вели Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика.
Меѓутоа ако ги гледаме реалните перспективи, а перспективи се дека ќе бидат само повторена препорака од Комисија, без ништо ново, макар и скрининг, без изгледи да биде поминато, односно потврдено од Советот, тоа всушност значи дека другите ќе одат напред, а ние стоиме во место.

„Меѓутоа ако ги гледаме реалните перспективи, а перспективи се дека ќе бидат само повторена препорака од Комисија, без ништо ново, макар и скрининг, без изгледи да биде поминато, односно потврдено од Советот, тоа всушност значи дека другите ќе одат напред, а ние стоиме во место.“

Повторената препорака значи дека Македонија е на ниво на кое Европската Комисија цени дека може да ги почнеме преговорите, но истовремено значи и дека ние пет години удираме во истиот ѕид, вели Бојан Маричиќ од Центарот за европско образование.
Евроамбасадорот Аиво Орав.

Евроамбасадорот Аиво Орав.


„Тоа значи дека сето тоа што сме го направиле со сега е премалку или е недоволно за да ние навистина почнеме со преговори. Препораката е само една стартна позиција, шанса, но знаеме дека пред нас стои и спорот за името, но и други крупни проблеми, што треба да ги решиме за навистина сериозно да влеземе во тие преговори.“
Тоа значи дека сето тоа што сме го направиле со сега е премалку или е недоволно за да ние навистина почнеме со преговори. Препораката е само една стартна позиција, шанса, но знаеме дека пред нас стои и спорот за името, но и други крупни проблеми, што треба да ги решиме за навистина сериозно да влеземе во тие преговори.

По добивањето на препораката, Ристевска-Јорданова не очекува нови условувања и критериуми за Македонија. Очигледно е дека Комисијата не внесува ништо ново и останува на старите критериуми за да нема бранувања во Советот на министри, смета таа.

„Мислам дека сите се свесни за ризикот, ако се оди во понатамошни услови, повеќе од она што е напишано лани во декември, се понатаму е навистина поголем ризик, се завлегува подлабоко во една небулоза на услови и затоа никој во моментов не е спремен да оди подлабоко кон разрешување на прашањето.“

Маричиќ порачува дека е време да се направи повеќе од она што досега го правевме, доколку сакаме да одиме напред. Наместо да се фалиме со фактот дека сме ја добиле препораката, треба да се фокусираме на забелешките кои ќе следуваат со неа, а меѓу нив во прв план се слободата на медиумите и политичкиот дијалог, вели Маричиќ.

„Ако сме искрени и аналитични ќе видиме дека низ годините тие забелешки се повторуваат, ама сега ќе излезат веројатно во преден план во однос на сите други.“

Неофицијално, клучните забелешки во извештајот за Македонија се однесуваат на прашањето на слободата на медиумите, корупцијата, политичкиот дијалог.

Во делот на економијата се посочува дека невработеноста кај младите е сериозен проблем и се бара од Владата да преземе мерки и да ја поправи ситуацијата. Нотирано е и зголемување на трговскиот дефицит и јавниот долг.

Во делот на добрососедските односи Комисијата бара да се избегнуваат дејствија кои негативно влијаат на добрососедските односи.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG