Достапни линкови

Разговори за иранската нуклеарна програма


Високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон и шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф, Женева 15.10.2013.
Високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон и шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф, Женева 15.10.2013.

Претставници на Иран и на шест светски сили се на дводневни разговори во Женева за контроворзната иранска нуклеарна програма. Од преземањето на функцијата во август годинава, иранскиот претседател Хасан Рохани се заложи дека ќе го реши овој проблем за шест до 12 месеци.

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изрази надеж дека Техеран и светските сили на разговорите во Женева ќе можат да постигнат согласност околу планот за решавање на ќорсокакот. Иран сака олабавување на западните економски санкции, најавувајќи дека е подготвен на сериозни преговори. Но, останува нејасно дали тоа би вклучувало и намалување на збогатувањето ураниум.
Иранскиот претседател Хасан Рохани
Иранскиот претседател Хасан Рохани

Техеран тврди дека тајно не развива нуклеарно оружје за што впрочем го обвинува Западот.

Претставници на шестте светски сили: Соединетите држави, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија последен пат се состанаа со Иран пред неколку месеци во Алма Ата, но тогаш разговорите завршија без успех.
Хасан Рохани ги има нуклеарните преговори во позадина. Тој исто така има мандат од иранскиот електорат да преговора. Значи тој има поинакви можности од неговиот претходник Ахмадинеџад да влезе во преговори. Џавад Зариф пак, е добро познат меѓу западните соговорници поради неговата поранешна функција како ирански амбасадор во Обединетите нации. Сето тоа покажува дека е можен нов ирански пристап.
Шенон Киле, нуклеарен експерт од Стокхолм.

Очекувањата за можен напредок пораснаа откако Иран испрати нов преговарачки тим.

Шенон Киле, нуклеарен експерт од Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм, вели дека Женева можеби е најдобрата шанса за прогрес во последниве неколку години.

„Хасан Рохани ги има нуклеарните преговори во позадина. Тој исто така има мандат од иранскиот електорат да преговора. Значи тој има поинакви можности од неговиот претходник Ахмадинеџад да влезе во преговори. Џавад Зариф, пак, е добро познат меѓу западните соговорници поради неговата поранешна функција како ирански амбасадор во Обединетите нации. Сето тоа покажува дека е можен нов ирански пристап.“

Но, Киле додава дека останува нејасно колкав простор за маневрирање ќе има новиот ирански преговорачки тим.

„Важно е да се има на ум дека тие не се единствените кои на крајот решаваат во Иран. Тука уште се Врховниот лидер и неговиот главен сојузник Револуционерната гарда.“

Врховниот лидер Ајатолах Али Хаменеи изјави дека Иран е подготвен на „херојска флексибилност“ во дипломатијата, но заменик шефот на дипломатијата Абас Аракчи деновиве повтори дека Техеран нема да се откаже од збогатениот ураниум.

„Ние нема да се согласиме ниту еден грам од збогатениот ураниум да излезе од земјата.“

Тоа го потврдува техеранското одбивање на претходните меѓународни барања за запирање на збогатувањето ураниум на ниво од 20 насто и целосно предавање на досега збогатениот, освен извесни мали кочичества за медицински потреби.

Како и да е, двете страни имаат добри причини за постигнување компромис. Рохани сака да исполни едно од неговите изборни ветувања, односно да ја ослободи земјата од санкциите, додека западните сили сакаат мирно да ја завршат кризата пред иранското збогатување ураниум да дојде до точката каде што ќе биде неопходна воена акција.

Израел соопшти дека нема да дозволи Иран да има над 250 килограми на 20 процентно збогатен ураниум што е доволно количество фисионен материјал за нуклеарна бомба.

Според последниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија, Иран имал 185 килограми збогатен ураниум.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG