Достапни линкови

Проширувањето на ЕУ на Балканот ќе бил грчки приоритет


Евангелос Венизелос

Евангелос Венизелос

Грција ја поддржа Албанија на патот кон Европската унија и се заложи за натамошно ширење на ЕУ на Балканот.
Проширувањето на ЕУ на Балканот ќе биде еден од приоритетите за време на грчкото претседателство со Унијата идната година, изјави вчера заменикот грчки премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос во разговор со албанскиот претседател Бујар Нишани.
Нишани се заблагодари на Грција за подршката во процесот на интегрирање на Албанија во евроатлантските структури.
Албанија во 2009 година поднесе барање за членство во ЕУ и чека доделување кандидатски статус.
XS
SM
MD
LG