Достапни линкови

САД блиску до договор за избегнување банкрот


Aмериканскиот претседател Барак Обама.

Aмериканскиот претседател Барак Обама.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама ја одложува средбата за фискалната криза со конгресните лидери со цел да им се даде повеќе време за преговори на членовите на американскиот сенат. Обама го закажа состанокот за синоќа во 21 часот по македонско време во обид да се излезе од ќор-сокакот што неделава може да доведе до банкрот на американската влада. Состанокот беше откажан откако лидерите на демократите и на републиканците во Сенатот изразија оптимизам дека се блиску до договор што ќе спречи банкрот и ќе доведе до повторно отворање на федералните институции по двонеделното делумно затворање. Шефицата на ММФ, Кристин Лагард, предупреди на „масивен прекин“ на глобалната економија ако до четврток не се зголеми дозволената граница за задолжување на САД.
XS
SM
MD
LG