Достапни линкови

САД собираат милиони контакт листи од личните е-маилови


Американската Национална агенција за безбедност собира милиони контакт листи од личните е-маилови и сервиси за инстант пораки ширум светот, вклучувајќи и многу од Американци. Вашингтон пост синоќа ги објави овие информации повикувајќи се на тајни документи што им ги обезбедил поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден. Американските власти велат дека Националната агенција за безбедност бара разузнавачки информации за валидни цели и оти не ја интересираат лични информации од обичните Американци. Откритијата на Сноуден ги посрамотија САД и налутија многу од нивните сојузници. Тој сега е во Русија каде што доби привремен азил. Вашингтон сака да му суди за откривање доверливи информации.
XS
SM
MD
LG