Достапни линкови

Прекумерна сила против демонстрантите во Египет


Протести на Муслиманското братство во Египет.

Протести на Муслиманското братство во Египет.

Меѓународната организација за човекови права Амнести интернејшнал ја повика египетската влада да спроведе „целосна“ и „непристрасна“ истрага за употребата на боева муниција од страна на полицијата при растерувањето на демонстрантите минатата недела. Организацијата вчера соопшти дека полицијата употребила прекумерна и смртоносна сила против поддржувачите на соборениот исламистички претседател Мохамед Морси. Амнести интернејшнал наведува дека во бројни случаи од насилствата биле зафатени и случајни минувачи или мирни демонстранти. Египетското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 50 луѓе загинале на протестите на 6 октомври. Најголем дел од тие луѓе загинале во Каиро.

Немирите во Египет не запираат од соборувањето на долгогодишниот претседател Хосни Мубарак во 2011 година. Насилствата се интензивираа во јули годинава, кога армијата го собори неговиот наследник на претседателската функција, исламистот Мохамед Морси. Од тогаш се убиени повеќе од 1.000 негови поддржувачи, а повеќе од 2.000 се во затвор.
XS
SM
MD
LG