Достапни линкови

Со измама уапсен еден од најозлогласените сомалиски пирати


Илустрација.

Илустрација.

Уапсен е еден од најозлогласените сомалиски пирати Мухамад Абди Хасан, откако бил измамен да допатува во главниот град на Белгија, Брисел, за наводно снимање на документарен филм за неговиот живот. Пиратот, познат како „Големата уста“, бил уапсен кога пристигнал на бриселскиот аеродром во саботата. Обвинителите на вчерашната прес-конференција соопштија дека тој бил уапсен заедно со неговиот придружник, кој е поранешен гувернер на државата Химан и Хеб во централна Сомалија. Двајцата се соочуваат со обвиненија за киднапирање и држење во заложништво на белгиски брод во близина на брегот на Сомалија во 2009 година. Пиратот Големата уста се согласил да дојде во Белгија откако му бил понуден договор да работи како консултант на филмот за неговиот живот.
XS
SM
MD
LG