Достапни линкови

Ослободени киднапираните волонтери на Црвен крст во Сирија


Илустрација.

Илустрација.

Вооружени лица во Сирија ослободија тројца волонтери на Црвениот крст и Црвената полумесечина кои беа киднапирани на територија под контрола на бунтовниците. Црвениот крст вчера соопшти дека сè уште не се знае каде се тројца други нивни вработени кои во неделата беа заробени во провинцијата Идлиб во северозападна Сирија. Во меѓувреме, Сирија стана полноправна членка на Организацијата за забрана на хемиското оружје. Сирискиот претседател Башар ал-Асад вчера изјави дека неговата земја престанала со производство на хемиски агенси уште во 1997 година. Тој рече дека Сирија од тогаш се концентрирала на ракетните капацитети. И покрај поделеноста на сириските бунтовници, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека разговорите за политичка транзиција во земјата мора да почнат до средината на ноември. Кери рече дека на Сирија итно ѝ треба преодна влада.
XS
SM
MD
LG