Достапни линкови

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма


Новиот ирански претседател Хасан Рохани.

Новиот ирански претседател Хасан Рохани.

Претставници на Иран и на шесте светски сили(САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) денеска ги почнуваат дводневните разговори во Женева за иранската нуклеарна програма. Ова е прва средба откако новиот ирански претседател Хасан Рохани ја презеде функцијата во август годинава. Тој вети дека ќе го реши нуклеарниот спор за шест до 12 месеци. Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изрази надеж дека Техеран и шесте светски сили неделава ќе се согласат за патоказот за решавање на спорот. Иран бара олеснување на економските санкции од Западот и најавува дека е подготвен за „сериозни“ преговори. Техеран ги негира западните обвинувања дека се обидува да произведе атомска бомба и тврди дека нуклеарната програма е мирнодопска. Шесте сили и Иран последен пат се сретнаа пред шест месеци во Алмати, но средбата заврши без напредок.
XS
SM
MD
LG