Достапни линкови

Меѓуетничките немири во Москва продолжија и ноќеска


Меѓуетничките немири во Москва продолжија и ноќеска, иако со помал интензитет од вчерашните. На протестите во јужниот дел на Москва излегле околу 200 луѓе, многу помалку од претходниот ден, а полицијата соопшти дека уапсила десетмина. Немирите избија во неделата откако едно руско момче беше избодено до смрт во јужниот дел на Москва, наводно од човек со потекло од Кавказот. Полицијата во неделата уапси најмалку 380 луѓе, претежно националисти и фудбалски хулигани, откако демонстрантите се судрија со полицијата, кршеа излози на дуќани и други места кои вработуваат работници-мигранти.
XS
SM
MD
LG