Достапни линкови

logo-print

Црна Гора ги проширува преговорите за членство во ЕУ


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј изјави дека Црна Гора е подготвена да почне преговори за нови прашања за нејзиното зачленување во ЕУ. По средбата со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ во Брисел, Ромпуј рече дека преговорите ќе се прошират и на прашања поврзани со судскиот систем, слободата на медиуми и безбедноста. Тој исто така ги поздрави неодамнешните уставни реформи за зајакнување на независноста на судството во Црна Гора и рече дека наредната рунда разговори дополнително ќе му помогне на тој процес. Ван Ромпуј рече дека Подгорица мора да ја подобри транспарентноста и ефикасноста на јавната администрација. Црна Гора официјално стана земја кандидат за членство во ЕУ во декември 2010 година, а преговорите за членство ги почна две години подоцна.
XS
SM
MD
LG