Достапни линкови

logo-print

Глутница волци изеле 45 овци во беровското село Русиново


Илустрација.

Илустрација.

Глутница волци нападнале и масакрирале стадо овци во месноста викана Ширините во атарот на беровското село Русиново. Во стадото кое имало 115 овци и јагниња, волците усмртиле 45 грла, а триесетина се повредени. Случајот е пријавен кај надлежните органи, а сопственикот Гоце Мирчовски вели дека ова не е прв пат неговото стадо да биде нападнато од волци.
XS
SM
MD
LG