Достапни линкови

logo-print

Осомничен либиски терорист денеска пред суд во САД


Синовите на уапсениот покажуваат каде бил „киднапиран“ нивниот татко.

Синовите на уапсениот покажуваат каде бил „киднапиран“ нивниот татко.

Американски претставници соопштија дека осомничениот либиски терорист Абу Анас ал-Либи, кој беше заробен од американските специјалци во Триполи, па држен на американски воен брод, пристигна во САД и денеска треба да биде изведен пред суд. Осомничениот припадник на Ал Каеда се бара во САД поради учество во нападите врз американските амбасади во Кенија и во Танзанија во 1998 година, во кои беа убиени 224 цивили. Ал-Либи, чие вистинско име е Назих Абдул-Хамед ал-Рукаи, беше уапсен во рација во Триполи на 5 октомври. Тој беше на листата на најбарани терористи на ФБИ, кое за информација што ќе доведе до негово апсење нудеше 5 милиони долари.
XS
SM
MD
LG