Достапни линкови

Временска прогноза - Променливо облачно со дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, а ќе има и појава на дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Утринската температура се движи од шест до 17, а дневната од 20 до 25 степени. Во Скопје слично време, со дневна температура до 22 степени. В среда ќе преовладува облачно, нестабилно и посвежо време со врнежи од дожд, а позначителен пад на температурата со засилен северен ветер ќе има в четврток.
XS
SM
MD
LG