Достапни линкови

Седмо издание на фестивалот „Златна лира“


Прес конференција на Сојузот на музичките уметници на Македонија во Скопје.

Прес конференција на Сојузот на музичките уметници на Македонија во Скопје.

Замислен како проект кој ја артикулира потребата за побогат и континуиран концертен живот, од 16 до 25 октомври, во Музеј на град Скопје и на Факултетот за музичка уметност, ќе се одржи седмото издание на фестивалот „Златна лира“. Манифестацијата, што како организатор ја потпишува Сојузот на музичките уметници на Македонија, со повеќе од скромен буџет, ќе понуди четири концертни вечери кои генерално им се посветени на дуо-изведбите.

Четири концертни вечери се на програмата на седмото издание на фестивалот на музичките уметници на Македонија „Златна лира“, што од 16 до 25 октомври, ќе се одржи во Скопје. Во фокусот на манифестацијата генерално овојпат се дуо-изведбите, а свеченото отворање ќе им припадне на Маја и Љубиша Кировски, кои со овој перформанс во Музеј на град Скопје, ја одбележуваат 20-годишнината од сопствената уметничка дејност.
Особена чест и задоволство ни е што на овој концерт двајца македонски композитори ни посветија дела како прилог во одбележувањето на нашиот јубилеј. Тоа се Елизабета Илиевска Бете, која што ни ја напиша композицијата „Танцувајќи со сенката“ за виола и пијано, и композиторот Тодор Трајчевски кој е автор на „Средба“ - делото за виолина и пијано. Ние сме радосни што ќе настапиме на отворањето на овој фестивал и се надевам дека „Златна лира“ и во наредните години успешно ќе се одржува и ќе биде убава презентација на македонските уметници и на македонското музичко творештво.

Пијанистката Маја Шутевска – Кировска истакнува дека тие како уметници се препознатливи по тоа што на секој свој настап изведуваат премиерни композиции и дека и овојпат ќе го сторат тоа посегајќи по балетската свита од „Ромео и Јулија“ на Сергеј Прокофјев и сонатата од Џон Корлиано, како и по дела напишани специјално за нив од македонските творци.

„Особена чест и задоволство ни е што на овој концерт двајца македонски композитори ни посветија дела како прилог во одбележувањето на нашиот јубилеј. Тоа се Елизабета Илиевска Бете, која што ни ја напиша композицијата „Танцувајќи со сенката“ за виола и пијано, и композиторот Тодор Трајчевски кој е автор на „Средба“ - делото за виолина и пијано. Ние сме радосни што ќе настапиме на отворањето на овој фестивал и се надевам дека „Златна лира“ и во наредните години успешно ќе се одржува и ќе биде убава презентација на македонските уметници и на македонското музичко творештво“, вели таа.

Следува традиционалниот концерт со студентите на вокално-инструменталниот оддел на ФМУ кој ќе се одржи в четврток на оваа високо-образовна институција, за да потем, на 23 октомври, љубителите на убавата музика го проследат настапот на кларинетистот Бранко Павловски и пијанистката Наташа Трбојевиќ. Тие ќе изведуваат дела од Моке, Рабо, Сен-Санс, Казјак, Месаже и нашиот Вања Николовски.
Лани добивме 60.000 а годинава 100.00 денари, што навистина е скромно и овој фестивал, пред сè се одржува ентузијастички изразувајќи ја така волјата на македонските уметници да истраат и да покажат дека главниот град заслужува едно вакво големо културно случување.

Конечно, завесата на ова издание на „Златна лира“, ќе биде спуштена со перформансот на флејтистот Страшо Темков и пијанистката Марија Вршкова, реномираното дуо кое за оваа пригода состави програма во која покрај делата на нашите Николовски и Љубомир Бранѓолица, се и сонатата од Пол Хиндемит со која се вклучуваат во одбележувањето на 50-годишнината од сеќавањето на големиот автор и сонатината од американскиот композитор Елдин Бартон, кое во музичките кругови се смета за „трендовско дело“ и кое по прв пат ќе прозвучи на некоја од нашите концертни сцени.

Седмото издание на „Златна лира“ е планирано да биде збогатено со промоцијата на книгата „Мојот живот во музиката – спомени за развојот на класичната музика во Македонија“ на Ѓоко Николовски, долгогодишен концерт мајстор, а организаторите и во оваа пригода потенцираат дека стокмиле квалитетна програма со навистина повеќе од скромен буџет – само 100.000 денари од Министерството за култура.

„Лани добивме 60.000 а годинава 100.00 денари, што навистина е скромно и овој фестивал, пред сè се одржува ентузијастички изразувајќи ја така волјата на македонските уметници да истраат и да покажат дека главниот град заслужува едно вакво големо културно случување“, вели Љубиша Кировски, претседател на Сојузот на музичките уметници на Македонија.

Инаку, „Златна лира“, втора година по ред, наместо во декември поради студените концертни сали, се случува во октомври.

„Жалосно е што во Скопје сè уште нема концертна сала. Дури и тие сали што се во функција се без греење во зимскиот период. Нашиот фестивал се одржуваше во декември, меѓутоа од минатата година почнавме да го правиме во овој дел од октомври токму поради тие работи. Едноставно е невозможно да се музицира во простор во кој температурата е околу нула“, дополнува Кировски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG