Достапни линкови

Заев - Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да го преземе Центар


Архивска фотографија: Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Архивска фотографија: Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Доколку судот не ја укине мерката притвор за Шиповиќ и неговите соработници, од СДСМ најавуваат механизми со кои, како што велат, ќе се спротивстават на агресијата на власта.

Укинување на мерката притвор на Мирослав Шиповиќ и неговите соработници и да им се дозволи да се бранат од слобода, побара опозицискиот Социјалдемократски Сојуз. На прес конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека опозицијата нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со институционално насилство да ја преземат контролата во општина Центар.
СДСМ секако не бараат амнестија за Шиповиќ, работата на судот е да ја продолжи истрагата . Работа на судот е да ја продолжи истрагата.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Архивска фотографија: Настаните од 24 декември пред Собранието.
Архивска фотографија: Настаните од 24 декември пред Собранието.
„СДСМ секако не бараат амнестија за Шиповиќ, работата на судот е да ја продолжи истрагата . Работа на судот е да ја продолжи истрагата. Судот има на располагање механизми да обезбеди гаранција за присуство на осомничениот. Изречената мерка притвор за Шиповиќ не е заради превенција од повторување на делото. Мерката притвор е казна за Шиповиќ и неговото семејство.“

Според СДСМ полициската акција Претседавач е политички монтиран случај, чија цел не е борбата против криминалот. Причината е, вели Заев намерата на власта да ја блокира работата на општина Центар, да ја оневозможи истата во истрагата на криминалот поврзан со Скопје 2014, да ги поништи незаконски донесените урбанистички планови и да ја спречи реализацијата на сомнителните градби во Центар.
СДСМ го стави во мирување учеството во работата на собраниската комисија за имплементирање на заклучоците од Комисијата за 24-ти декември. Градоначалниците на СДСМ ќе го стават во мирување своето членство и активности во ЗЕЛС. Советниците на СДСМ во сите совети на општини во Македонија во знак на солидарност со колегите од Центар, нема да присуствуваат на првата наредна седница на Советот на нивната матична Општина.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Фирмата „Машинопромет“ е предмет на судски спорови повеќе од 10 години. Мирослав Шиповиќ и да сакал, не можел да учествува во евентуални финансиски малверзации. Клучните дејствија се случиле пред неговото доаѓање во фирмата.

Доколку судот не ја укине мерката притвор за Шиповиќ и неговите соработници, од СДСМ најавуваат механизми со кои, како што велат, ќе се спротивстават на агресијата на власта.

„СДСМ го стави во мирување учеството во работата на собраниската комисија за имплементирање на заклучоците од Комисијата за 24-ти декември. Градоначалниците на СДСМ ќе го стават во мирување своето членство и активности во ЗЕЛС. Советниците на СДСМ во сите совети на општини во Македонија во знак на солидарност со колегите од Центар, нема да присуствуваат на првата наредна седница на Советот на нивната матична Општина.

Иако претходно се најавуваа и протести кога се очекува претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ да се врати во Македонија и да биде приведен, од СДСМ не ги потврдија таквите информации. Заев изјави дека очекува да да преовлада разумот кај Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека во спротивно целата одговорност за развојот на настаните и состојбите во државата, како и за нарушување на меѓународниот углед на државата ќе ја сноси власта.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG