Достапни линкови

Венизелос во Тирана


Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, кој е во посета на Тирана, по средбата со неговиот домаќин, Дитмир Бушати ја искажа поддршката на неговата земја за европската интеграција на Албанија. „Многу значајно е што Грција и Албанија се членки на НАТО и на ОБСЕ. Грција очекува интеграција на Албанија во Европската унија“, изјави Венизелос, додавајќи дека традиционален мост кој ги поврзува двете земји е и признавањето на грчкото малцинство во Албанија. Венизелос изјави дека Грција не познава прашање за Чамите протерани Албанци од грчката област Чамарија. Бушати пак побарал од Атина да го признае постоењето на прашањето за Чамите.
XS
SM
MD
LG