Достапни линкови

Грчкиот министер за јавен ред не одговора на прашања од Златна зора


Грчкиот министер за јавен ред Никос Дендиас денеска го информираше Парламентот дека тој повеќе нема да одговора на прашања поднесени од пратеници на партијата Златна зора. Дендиас изјави дека како резултат на тековната судска истрага за неофашистичката партија, тој нема да одговора на прашања од пратеници на Златна Зора кои досега не биле во притвор. Тројца пратеници на оваа партија во минатиот месец поднесле прашања до Дендиас во врска со криминални активности.
XS
SM
MD
LG