Достапни линкови

Оптимизам во Сенатот околу буџетот на САД


Хари Рид

Хари Рид

„Имав продуктивни разговори со лидерот на републиканците во сенатот Мич Мекконел. Тие беа суштински и ќе ги продолжиме. Оптимист сум дека е можен позитивен заклучок во текот на денов“. Ова го изјави лидерот на мнозинството во Сенатот Хари Рид во врска со напорите за запирање на финансикот ќорсокак во кој се најдоа Соединетите држави. Демократите и републиканците се поделени во врска со лимитите за трошење на федералниот буџет. Доколку не се најде решение до четврток, Соединетите држави се соочуваат со ситуција во која нема да можат да ги исполнуваат своите финансиски обврски. Тоа ќе биде за прв пат во американската историја. Федералната влада е во делумна блокада од 1 октомври откако Конгресот не успеа да усвои привремен буџет.
XS
SM
MD
LG