Достапни линкови

Муслиманите на аџилак на планината Арафат


илустрација

илустрација

Стотици илјади муслимански верници денеска ја преплавија планината Арафат како дел од годинашниот аџилак. Саудиските власти проценуваат дека годинава имало милион ипол аџии што е многу помалку од лани кога се собраа над 3 милиони. Саудиска Арабија врши огромни градежни работи во Големата џамија во Мека. Намалувањето на бројот на аџии, според некои наводи, е и поради заразната болест на дишните органи. Аџилакот годинава завршува в петок.
XS
SM
MD
LG