Достапни линкови

Холанѓанка, главна за сириското хемиско оружје


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ја нименува холанѓанката Сигрид Каг на чело на здружената мисија на Организацијата за забрана на хемиското оружје и на ОН во Сирија. 52 годишната Каг од 2010 година е заменик генерален секретар на Програмата за развој на Обединетите нации. Советот за безбедност во петокот овласи заедничка мисија да го уништи сириското хемиско оружје што треба да трае до половината на идната година. Организацијата за забрана на хемиското оружје чије седиште е во Хаг деновиве ја доби годинашната Нобелова награда за мир.
XS
SM
MD
LG