Достапни линкови

САД: средба на Сенатот за надминување на буџетската криза


Американскиот Сенат денеска се очекува да одржи седница во врска со напорите на американските законодавци да постигнат компромис за повтoрно отворање на владата и исплата на долговите. Четврток е крајниот рок за подигање на нивото на долгот. Претседателот на Светската банка предупреди дека САД се движат кон опасност доколку американските законодавци не го решат ќорсокакот околу буџетот. Џим Јон Ким изјави дека САД и останатите економии се соочуваат со повисоки каматни стапки и забавен раст доколку американскиот Конгрес не ја зголеми позајмицата. Американското министерство за финансии рече дека ќе работи на тоа да ги плати сите државни сметки до 17 октомври без да ја зголеми позајмицата. Тоа ја зголеми загриженоста дека Вашингтони ако не ги исполни обврските ќе предизвика удар на финансиските пазари во светот.
XS
SM
MD
LG