Достапни линкови

Кери и Карзаи постигнаа делумен договор


По вториот ден од разговорите меѓу американскиот државен секретар, Џон Кери и авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи, посветени на постигнување нов безбедносен договор, тие изјавија дека е постигнат само делумен договор, но дека разликите и натаму остануваат. Кери изјави дека двете страни остануваат поделени околу тоа дали американските војници кои ќе останат во Кабул по заминувањето на странските трупи, на крајот на 2014, ќе имаат имунитет како што бара Вашингтон. Карзаи изјави дека прашањето на „јуриздикција“ е надвор од опсегот на владата и дека ќе се стави на дневен ред на собранието на старешините и на парламентот. Карзаи исто така рече и дека разговорите биле фокусирани на заштита на авганистанскиот суверенитет и дека биле решени големи разлики, вклучувајќи го и американското барање да се орворат независни антитерористички мисии на авганистанска територија.
XS
SM
MD
LG