Достапни линкови

Собраниска делегација на Есенското заседание на ПС на ОБСЕ


Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, од денеска до 15.овој месец, ќе учествува на Есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), што се одржува во Будва, Црна Гора.Во состав на македонската делегација се пратениците, Ана Павловска Данева како шеф на делегацијата и членовите Владимир Ѓорчев и Беким Фазлиу.Во рамките на Есенското заседание ќе се одржат парламентарна конференција на тема „Решавање на транснационалните закани и заштита на човековите права: улогата на ОБСЕ“, седница на Постојаниот комитет на ПС на ОБСЕ и Медитерански форум.
Се очекува на Есенското заседание на ПС на ОБСЕ да учествуваат околу 200 пратеници од над 50 земји. Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка.
XS
SM
MD
LG