Достапни линкови

logo-print

На многу граѓани им е скратено правото на социјална парична помош, велат од невладината РОМА С.О.С. од Прилеп. Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, информираат дека од 2007 година кога биле евидентирани околу 5.600 до денес речиси за 3.000 е намален бројот на корисници на социјална помош.

Многу граѓани се незадоволни бидејќи им е скратено правото на социјална парична помош, но одбиваат да говорат јавно. Сепак невладината организација РОМА С.О.С. од Прилеп забележува дека за добар дел од нив поднела жалби во Министерството за труд и социјална политика, бидејќи смета дека овие семејства треба да бидат реални корисници на парична помош, зашто се соочуваат со огромни социјални проблеми.
Целиот период има многу случаи кога социјалната помош на поголем дел од семејствата им е прекината, не само од социјалната парична помош, туку и од постојаната парична помош, туѓа нега. Поднесени се жалби до Министерството за труд и социјална политика и се уште до денес немаме добиено одговор на ниту една од тие постапки.

„Целиот период има многу случаи кога социјалната помош на поголем дел од семејствата им е прекината, не само од социјалната парична помош, туку и од постојаната парична помош, туѓа нега..со едно единствено образложение дека не ги исполнуваат условите, или ги пропуштиле роковите кога треба да поднесат документација, или не прикажале, или не докажале вистината материјална и бројна состојба, Од наша страна се советувани како треба да постапат, поднесени се жалби до Министерството за труд и социјална политика и се уште до денес немаме добиено одговор на ниту една од тие постапки“, вели Тања Тренкоска, од невладината РОМА С.О.С.
Тања Тренкоска, од невладината РОМА С.О.С.

Тања Тренкоска, од невладината РОМА С.О.С.


Без социјална помош, иако на работ од егзистенцијата живее семејството Малиќи од ромската населбаТри багрема. Сопругата Музејенка поради грешки на администрацијата е заверена со ист матичен број со уште една пензионерка во Тетово. Па, сега во извештајот на трансакционата сметка на Музејенка се појавува
Како живеам еден Господ знае, еднаш јадам, ако има вечера добро, ако не повеќе ќе бидеме гладни од најадени, голи и боси одиме, немаме зимски алишта што да облечеме, немаме ништо, ни дрва, ни брашно, ништо немаме, и тој е животот, не знам, повеќе сме гладни од најадени.
како сума, вредноста на пензијата на тетовчанката. Иако РОМА С.О.С. и порано реагираше и апелираше за поголема ажурност на државните институции, случајот се уште не е решен.

„Како живеам еден Господ знае, еднаш јадам, ако има вечера добро, ако не повеќе ќе бидеме гладни од најадени,голи и боси одиме, немаме зимски алишта што да облечеме, немаме ништо, ни дрва, ни брашно, ништо немаме, и тој е животот, не знам, повеќе сме гладни од најадени. Кога ќе дува ветер, кога врне капе, многу капе, се е катастрофа внатре“, се жали Музејенка Малиќи.

Иако МВР го решил проблемот со матичните броеви, па сега и Музејенка и тетовчанката имаат свои единствени матични броеви, има кочница во Фондот за ПИОМ. Во Прилеп велат извршена е корекција, но според РОМА С.О.С. секторот за ликвидација во Фондот во Скопје се уште не ја известил УЈП дека Музејенка не остварува ни денар приход. А, ова е услов за да се добие социјална помош.

Надлежните од Секторот за ликвидација и покрај настојувањата не успеавме да ги контактираме. А, од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, информираат дека од 2007 година кога биле евидентирани околу 5.600 до денес речиси за 3.000 е намален бројот на корисници на социјална помош. Поточно во 2011 ова право го оствариле 1972, минатата 2138 корисници, а оваа година 2432 семејства примаат социјална парична помош.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG