Достапни линкови

Запалено државното знаме пред зградата на ХЕЦ Маврово во Гостивар


Непознат сторител го запалил знамето на Република Македонија кое било истакнато на јарбол пред зградата на дирекцијата на ХЕЦ Маврово, јавува МИА
Случајот го потврдуваат и од СВР Тетово, чии екипи извршиле увид утрово, веднаш по пријавувањето. Според првичните сознанија, знамето најверојатно било запалено ноќеска, а прв го забележал вработен во чуварската служба, кога утрово доаѓал на работа.
На трите јарболи покрај државното, биле истакнати и албанското и знамето на компанијата, кои не биле оштетени.
Подигнати се траги за вештачање и спроведени се активности за откривање на сторителот
XS
SM
MD
LG