Достапни линкови

Кери и Карзаи на разговори во Кабул


Државниот секретар на САД, Џон Кери и авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи ги одржаа првите разговори во Кабул во врска со иднината на американските сили во Авганистан. Денеска се очекува тие да одржат и подолги разговори. Засега во јавноста е речено дека разговорите успеале да намалат дел од огромното мнозинство отворени прашања. Сeпак нема одговор дали ќе се успее да се стаса до договор за билатерaлната безбедност до крајот на овој месец, како што бара Вашингтон. Договорот е наменет за утврдување на правилата на покривање на американските сили кои ќе останат да помогнат во обуките за контратероризам по повлекувањето на странските сили од Авганистан до крајот на 2014 година.
XS
SM
MD
LG