Достапни линкови

logo-print

САД потврдија дека е уапсен висок член на пакистанските талибанци



САД потврдија дека американските сили заробиле висок член на пакистанските талибанци. Портпаролката на Стејт департментот, Марија Харф рече дека станува збор за висок командант со име Латиф Мехсуд, кој е фатен неодамна во Авганистан. Според неофицијални информаци, тој се движел со авганистански агенти кои се обидувале да го ангажираат да работи на мировните разговори меѓу Пакистан и Авганистан.
XS
SM
MD
LG