Достапни линкови

logo-print

ОН - егзекуциите во Ирак се нечовечки и веројатно нелегални


Руперт Колвил

Руперт Колвил

Канцеларија за човекови права на ОН соопшти дека егзекуцијата на 42 лица во Ирак во текот на изминатите два дена е "нечовечки" и најверојатно нелегална употреба на смртната казна.
Портпарлот Руперт Колвил изјави дека масовните егзекуции од овој вид "не само што се непристојни и нечовечки, тие се најверојатно во спротивност со меѓународното право".
Според денешното соопштение на ирачкото министерството за правда властите вчера егзекутирале 42 лица, вклучувајќи и една жена, сите осудени за тероризам. Колвил изјави дека е особена перверзија со оглед на тоа што вчера беше Светски ден против смртната казна.
XS
SM
MD
LG