Достапни линкови

logo-print

Македонија го одбележува 11 Октомври


Денеска во Македонија се одбележува националниот празник 11 Октомври.
Во Прилеп претседателот на Македонија Ѓорге Иванов положи цвеќиња и се поклони пред споменикот на првиот претседател, Методија Андонов Ченто.
Во Прилеп синоќа и се одржа централната манифестација по повод 72-годишнината од почетокот на народното востание за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор.
Разни манифестации се одржуваат и во други градови на Македонија.
Делегација од Собранието на Република Македонија и Министерството за одбрана, предводена од претседателот Трајко Ваљаноски и министерот за одбрана Талат Џафери од денеска претстојуваат во посета на македонските мировници кои се дел од силите ИСАФ во Авганистан.
XS
SM
MD
LG