Достапни линкови

ХРВ: Сириските бунтовници убивале цивили


Сириските бунтовници во август годинава убиле 190 цивили во села во кои мнозинсконасление се алавити, шиитско верско малцинство на кое му припаѓа претседателот на Сирија Башар ал Асад. Ова се наведува во денеска објавениот извештај на организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч кој оценува дека станува збор за воено злосторство. Во извештајот има изјави на триесетина сведоци кои велат дека организатори и извршители на нападот биле џихадисти поврзани со Ал Каеда. Меѓу жртвите имало 57 жени и 18 деца.
XS
SM
MD
LG