Достапни линкови

Протест на новинарите во Црна Гора


Од протестот на новинарите во Црна Гора на 12.03.2012.

Од протестот на новинарите во Црна Гора на 12.03.2012.

Синдикатот на медиуми на Црна Гора денеска во Подгорица организира протест пред зградата на Министерството за внатрешни работи поради големиот број нерасветлени напади врз новинарите. Претседателката на Синдикатот Маријана Цамовиќ изјави дека поради зачестените физички и вербални напади врз медиумските работници, работата на новинарите станала неподнослива. Министерот за внатрешни работи Рашко Коњевиќ најави дека до крајот на годинава ќе биде формирана комисија која треба да утврди дали државните органи во случаите на неразјаснетите убиства и напади врз новинарите направиле се што било во нивна надлежност.
XS
SM
MD
LG