Достапни линкови

Филе: Да се усогласат спорните прашања без одложување


Еврокомесарот Штефан Филе соопшти дека перспективата на БиХ да стане земја-членка на ЕУ и натаму останува, но оти лидерите на највлијателните партии во БиХ без одложување мора да ги усогласат спорните прашања, како што се спроведување на пресудата од Европскиот суд и механизмот за координација, јавуваат новинските агенции. Станува збор за спроведување на одлуката на Европскиот суд во предметот „Сејдиќ-Финци“ која треба да овозможи изземање на дискриминацијата од Уставот и да им се овозможи на припадниците на малцинствата да се кандидираат за највисоките државни функции.
XS
SM
MD
LG