Достапни линкови

ОН:Мандатот на НАТО силите во Авганистан завршува во 2014


Советот за безбедност на Обединетите Нации едногласно го продолжија мандатот на силите предводени од НАТО во Авганистан до крајот на 2014 година. Се очекува ова да биде последно одобрување за ИСАФ мисијата која заедно со американските безбедносни сили треба да се повлечат од таа територија до крајот на 2014 година. Во извештајот што го усвои Советот е наведено дека ситуацијата во Авганистан „се уште претставува закана за меѓународниот мир и безбедност“.Од Авганистан Советот бара да се вложат зголемени напори за подобрување на борбата со корупцијата, владата да проомовира транспарентност и зголемување на одговорноста. Во моментов во Авганистан има 87 илјади војници предводени од НАТО силите.
XS
SM
MD
LG