Достапни линкови

Популизам - само малкумина не ставија „розови очила“


Популизмот, велат експертите е алатка со која политичките партии ги манипулираат граѓаните за да ја добијат нивната поддршка на следните избори.

Вработувања во државната администрација, најави за нови мерки кои би го подобриле секојдневието на граѓаните, нови и постојани ветувања дека се спроведуваат реформи кои ќе ја подобрат економската ситуација во земјава... Независно од тоа дали ги слушате од страна на владејачките партии или за нив зборува опозицијата, овие пораки секојденевно допираат до јавноста.
Народот толку е затруен со популизам и толку очите му се затворени со слатките ветувања и полу реализирани ветувања на било која партија на власт, што воопшто нема ни снага, ни желба да контролира што тие ветиле во своите изборни програми, а што реализирале во текот на своето политичко владеење.

Популизмот, велат експертите е алатка со која политичките партии ги манипулираат граѓаните за да ја добијат нивната поддршка на следните избори. Но според политикологот Соња Стојадиновиќ во изминатите десеттина години популизмот се покажа и како ефикасна и влијателна мерка за одвлекување на вниманието на јавноста од реалните проблеми.

„Народот толку е затруен со популизам и толку очите му се затворени со слатките ветувања и полу реализирани ветувања на било која партија на власт, што воопшто нема ни снага, ни желба да контролира што тие ветиле во своите изборни Зоран Заев.

Зоран Заев.

програми, а што реализирале во текот на своето политичко владеење.“

Политичкиот аналитичар и поранешен пратеник Исмет Рамадани признава дека популизмот најмногу го користат лидерите на владејачките партии, но дека тој не ја исклучува и опозицијата.
Кога има лоша политика, нема перспектива, тогаш граѓаните се определуваат за политика краткорочно, од денес за утре, велејќи дека има и полошо.

„Проблемот е во тоа колку интелектуалната фела, колку медиумите му помагаат на обичниот граѓанин да сфати еднаш дека популизмот како начин на обраќање и ветување е нешто лажно и дневна попитика“, изјави Рамадани.

Постојат ли граници до кои популизмот може да се толерира и да дава ефекти? Стојадиновиќ нагласува дека критичната маса која го препознава и истовреме го крева гласот против опасниот популизам драстично се намалува.

„Тој процент кој е останат, за жал, сметам дека е многу мал нешто да смени, бидејќи оние кои го голтаат популизмот на владата, кои свесно или несвесно ги прифаќаат розовите наочари имаат и една лажна надеж дека можеби нешто ќе се смени, барам и половина да реализираат од тоа што ветуваат е добро за државата.“

Рамадани вели дека популарните мерки за подобрување на економијата не се опасни како што знае да биде популизмот со националистичка реторика. Не е дека луѓето не се свесни дека се почесто се изманипулирани и излажани, но тешкото секојдневие и предизвикот да се преживее ги тера навидум да веруваат во се што ќе им биде ветено, вели Рамадани.

„Кога има лоша политика, нема перспектива, тогаш граѓаните се определуваат за политика краткорочно, од денес за утре, велејќи дека има и полошо.“

Аналитичарите истакнуваат дека претераната употреба на популистичките мерки може да има и бумеранг ефект и оти единствено цврста опозиција која не го користи популизмот во своето дејствување, може да се избори за власт.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG