Достапни линкови

Прилепскиот мал Холивуд без вода


Каролина Ризоска од село Штавица во Мариово во близина на Прилеп.

Каролина Ризоска од село Штавица во Мариово во близина на Прилеп.

Режисерот Милчо Манчески овде снимаше кадри речиси за сите свои филмови во кои ја прикажуваше македонската сиромаштија и стариот начин на живот, затоа некои Штавица ја нарекуваат и „Мал Холивуд“. Но, овој епитет е навреда за жителите, зашто велат овде ниту за животните не е убав животот, а не за луѓето.

Каролина Ризоска има 47 години и е без работа. И таа и сопругот Драган за да обезбедат егзистенција за своите деца, поголем дел од годината наместо во Прилеп, живеат во родното село Штавица, што се наоѓа на 15 километри од градот, каде одгледуваат тутун. Но, велат живеат многу тешко. Не само што немаат можност да ги полеваат насадите за да добијат поквалитетен род, туку вода нема ни за задоволување на основните животни потреби. Ископале бунар за техничките потреби и некако се снаоѓаат, а за пиење полнат вода од центарот на селото од чешмата кај црквата.
За животот тежок е, како да правиме, да се фалиме, што ќе се фалиме, тежок е животот, јадење треба, тањири да измиеш. Без вода е онака, бурињата ќе ги наполнат и од нив ќе работам, инаку не можам да одам да залеам, далеку е водата.

„Најпотребна е водата на прво место, условите тие се, кој има вода и купатило и сите работи, што се вели како во градот, така и овде ќе се направат. Имаме тука еден бунар со црева, полниме вода за да переме, инаку не може, преку струја сето оди со црево,за да се излезе крај на крај со вода“, вели Ризоска.

Дека навистина тешко се живее без вода потврдува и 73 годишната Катерина Ризоска. Ако не е тука синот да и наполни вода во малиот канисер во дворот, вели не ќе може никако Катерина Ризоска.

Катерина Ризоска.

сама да се снајде, зашто нема сила да полни вода и со товарот да се качува до угорнината, каде што живее.

„За животот тежок е, како да правиме, да се фалиме, што ќе се фалиме, тежок е животот, јадење треба, тањири да измиеш. Без вода е онака, бурињата ќе ги наполнат и од нив ќе работам, инаку не можам
Да шетнеш, да дојдиш, да го видиш селото, така е убаво, ама да се седи овде не е баш, кога ги нема најважните услови за живот, тука да има училиште, да има сè и сешто, како по другите села на пример и за децата и за се, и како прво со водата е најголем проблем.
да одам да залеам, далеку е водата“, се жали Ризоска.

Штавичани не кријат, проблемот е во лошите меѓучовечки односи, па не може да се сложат со жителите во долниот дел на селото, кои ја пренасочуват водата само за нив. Од прилепски Водовод и канализација истакнуваат дека месната заедница стопанисува со водоводот што го изгради Општината. Доколку жителите се сложат водоводот да го предадат на јавното претпријатие, тогаш сите жители ќе имаат доволни количества квалитетна вода за пиење, зашто водоводот се снабдува со вода од извори со доволна дарежливост. Но, селото има и други проблеми.

„Осветлување има, ни ставија лани со триста сили, па сега прегореа неколку ламби и никој не ги оживува. А, месец дена немаме никаква телевизија, месец дена сме исклучени како од 1943 година.“

„Да шетнеш, да дојдиш, да го видиш селото, така е убаво, ама да се седи овде не е баш, кога ги нема најважните услови за живот, тука да има училиште, да има сè и сешто, како по другите села на пример и за децата и за се, и како прво со водата е најголем проблем.“

„Продавница нема за домашните потреби, не можеш треба да одиш до град или да го чекаш едно комбе доаѓа во вторник и во петок да купиш.“

Штавица е едно од најатрактивните македонски села во кои е зачувана автентично старата архитектура. Асфалтиран е патот до и низ селото, но сите други улички се калливи и при најмал дожд. Режисерот Милчо Манчески овде снимаше кадри речиси за сите свои филмови во кои ја прикажуваше македонската сиромаштија и стариот начин на живот, затоа некои Штавица ја нарекуваат и „Мал Холивуд“. Но, овој епитет е навреда за жителите, зашто велат овде ниту за животните не е убав животот, а не за луѓето.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG