Достапни линкови

Кумановци се по комедијата


Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ 2013 во Куманово.

Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ 2013 во Куманово.

За кумановска публика постои само „Денови на комедија“, велат вработените во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во чиј состав е и Театарот. Годинава на „Денови на комедија“ ќе има 14 претстави.

Кумановци генерално ја сакаат и почитуваат театарската уметност, иако актерите и вработените во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во чиј состав е и Театарот, забележуваат дека пред започнување на традиционалниот меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ градот го зафаќа театроманија. И за овој, 16-ти по ред, како и за претходните се бара билет повеќе, се земаат билети за сите претстави и селективно, а не ретко претставите ги посетуваат цели семејства, дури и со мали деца.
За кумановска публика постои само „Денови на комедија“. Како да нема други претстави што се одржуваат и во Театарот и во Центарот за култура. Главата не боли мене и колешката од расподелба на билети за фестивалот. Земаат и поединечни и комплети, бараат подобри претстави.

Јовица Цветковски и Снежана Стојановска кога ги распределуваат билетите немаат сон.

„За кумановска публика постои само „Денови на комедија“. Како да нема други претстави што се одржуваат и во Театарот и во Центарот за култура. Главата не боли мене и колешката од расподелба на билети за фестивалот. Земаат и поединечни и комплети, бараат подобри претстави“, вели Цветковски.

Илија Струмениковски пензиониран актер од кумановскиот театар вели дека постојано ги следи сите театарски активности и забележува:

„Од година во година се поголема е заинтересирнаоста. А и оние што учествуваат се добро слушнати и добро видени театарски куќи не само кај нас туку и надвор од границите на нашата држава.“
Од година во година се поголема е заинтересирнаоста. А и оние што учествуваат се добро слушнати и добро видени театарски куќи не само кај нас туку и надвор од границите на нашата држава.

Според сопствените сознанија и искуство дека комедијата секаде е поприемчива за публиката, а особено онаа во Куманово, Струмениковски апелира до надлежните театарски институции:

„Да поведат повеќе сметка за она што се вика комедија и истовремено да водат сметка младата популација да ја навикнуваат на комедија. Не знам зошто ја избегнуваат комедијата, веројатно затоа што е тешка.“
Илија Струмениковски, актер.

Илија Струмениковски, актер.


Наташа Маневска директор во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип и долгогодишен член на Советот на фестивалот, вели дека публиката во Куманово и во Штип се разликува. Не само по тоа што Куманово има двојно повеќе жители од Штип, туку:

„На пример во Куманово ако публиката дошла да гледа
Минатата година со десет претстави на фестивалот имавме продадено околу пет илјади билети. Годинава имаме 14 претстави и очекуваме уште поголема бројка, со тоа и поголем приход од фестивалот.
класична комедија, доколку забележи дека не е тоа, таа си станува и излегува. Во Штип пак, публиката останува до крај, значи гледа театар. Добро е тоа што и во двата града има театарска публика.“

Да не звучи фалбаџиски,сепак Маневска забележува:

„Меѓутоа кумановската публика сметам дека е малку посензитивна и навистина ако нешто се оквалификува како добра театарска претстава, дали на фестивал или како гостување, тоа значи дека навистина таа претстава ќе поминува и на сите фестивали во Македонија, тоа е од моето следење на другите фестивали. “

Роберт Павлевски директор на Центарот за култура во Куманово не го крие задоволството што со секое фестивалско издание публиката станува побројна. Тука не се вбројуваат спонзорите и останатите гости.

„Минатата година со десет претстави на фестивалот имавме продадено околу пет илјади билети. Годинава имаме 14 претстави и очекуваме уште поголема бројка, со тоа и поголем приход од фестивалот.“

На овие „Денови на комедија“ претставите се играат на македонски, српски, бугарски и албански јазик, а кумановци и овој октомври ќе си ги „наполнат батериите“ со хумор и сатира, кои како што на шега велат ќе им додржат цела година.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG