Достапни линкови

Два јубилеи на „Пи-ем-џи рикордингс фестивал 4“


Macedonia - PMG recording system #4, poster - N/A
Macedonia - PMG recording system #4, poster - N/A

Со учество на македонските „Беи д фиш“, „Пи-ем-џи колектив“, „Лепи Џони“, „Милко“, Миро Попов и Роботек, и Филип Горбачев и „Монозид“ како гости од актуелната германска сцена, во петок на 18 октомври, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи четвртото издание на „Пи-ем-џи рикордингс фестивал“. Со него, ова наша независна дискографска куќа ги прославува првите 15 години од постоењето и фантастичните 100 изданија.

Замислен како природно продолжение на нивните заложби за напредно презентирање на најсвежите сонични авантури на македонскиот дел од музичкиот универзум,„Пи-ем-џи рикордингс фестивал 4“ несомнено е еден од субкултурните настани кои овој октомври завредуваат особено внимание. Со програма стокмена од сопствените артисти и со гости од актуелната германска сцена, на начин на кој што и приличи, оваа домашна независна дискографска куќа громогласно ќе ги одбележи првите 15 години од своето делување и неверојатните 100 изданија од кои поголемиот дел се вистински бисери во мозаикот што се нарекува нова и современа музика кај нас.
Среќа што живееме во Македонија каде што има огромен број на прекрасни, талентирани и амбициозни музичари кои континуирано се прилично продуктивни и едноставно тоа темпо на некои 10 – 15 изданија само од себе се наметнува со оглед на тоа дека околу нас би рекол гравитира една голема и многу значајна музичка екипа. Првите неколку години беше многу штуро со изданија, некаде до 2004 -05 година. Потоа решивме да нагазиме, посериозно да си ја работиме својата работа и мислам дека сега, од некој денешен аспект, оваа бројка од 100 изданија и не изгледа некако импозантно. Се чини дека ќе мораме да продолжиме онака како што треба и оваа 100 да не биде толку битна во следните десет или петнаесет години.
Мирко Попов, музичар.

Мирко Попов истакнува дека ова за нив е доста пристоен јубилеј и не само во локални рамки и дека поради тоа решиле на најзвучните нивни имиња кои ја одбележале минатата година со своите изданија и концерти како „Беи д фиш“, „Лепи Џони“, „Милко“... да им додадат и неколку странски изведувачи кои во моментов за нив претставуваат некои од најинтересните музики што пред се би сакале самите да ги доживеат на една од сцените во градов.

„За прв пат како странски изведувачи на овој наш фестивал ќе се појават „Монозид“, бенд од Лајпциг – Германија, еден од најинтересните новодоаѓачки пост-панк, њу-вејв состави и еден од највозбудливите електронски, ако воопшто во овој нов музички крос-оувер може да се каже дека е тоа електронски артист, Филип Горбачов од јужноамериканската дискографската куќа „Комеме“ , кој иако роден во Москва, како мнозина талентирани и авангардни уметници и припаѓа на берлинската субкултурна сцена. Ова се двајца артисти кои во моментов се ужасно интересни за „Пи-ем-џи“ и мислам дека на најдобар можен начин ќе го надополнат одбирот со македонските музичари.“
Мирко Попов, музичар и диџеј.
Мирко Попов, музичар и диџеј.

Навраќајќи се на почетоците Попов вели дека на своето прво издание „Македонија 999“ ставиле една глупа забелешка: Еве почнавме и ако не стигнеме до 100, да ни умре мајка! Дополнува дека сега кога се тука, размислуваат за нова компилацијата со слично име „Македонија 2014“ која би се појавила во наредните месеци, но дека за целото ова време не го
Државата Македонија во било која инкарнација и нејзиното Министерство за култура нема ниту интерес ниту пак капацитет да разбере зошто можеби „Пи-ем-џи рикординг“ или музиката која се издава со нејзината етикета е значајна и релевантна за Македонија. Генерално ние не постоиме во тие кругови како некој на кого треба да му се помогне, но на крајот на денот ние не ја ни базираме нашата работа на помош од некој друг туку се потпираме на сопствените сили.
Мирко Попов, музичар.
бркале квантитетот туку квалитетот на она што го потпишуваат како своја објава.

„Среќа што живееме во Македонија каде што има огромен број на прекрасни, талентирани и амбициозни музичари кои континуирано се прилично продуктивни и едноставно тоа темпо на некои 10 – 15 изданија само од себе се наметнува со оглед на тоа дека околу нас би рекол гравитира една голема и многу значајна музичка екипа.
Првите неколку години беше многу штуро со изданија, некаде до 2004 -05 година. Потоа решивме да нагазиме, посериозно да си ја работиме својата работа и мислам дека сега, од некој денешен аспект, оваа бројка од 100 изданија и не изгледа некако импозантно. Се чини дека ќе мораме да продолжиме онака како што треба и оваа 100 да не биде толку битна во следните десет или петнаесет години.“

Од друга страна, до оваа бројка на изданија „Пи-ем-џи рикордингс“ се стигнати исклучиво со сопствени средства, иако редовно аплицираат на сите можни конкурси на институциите во земјава.

„Државата Македонија во било која инкарнација и нејзиното Министерство за култура нема ниту интерес ниту пак капацитет да разбере зошто можеби „Пи-ем-џи рикординг“ или музиката која се издава со нејзината етикета е значајна и релевантна за Македонија. Генерално ние не постоиме во тие кругови како некој на кого треба да му се помогне, но на крајот на денот ние не ја ни базираме нашата работа на помош од некој друг туку се потпираме на сопствените сили. Целото тоа искуство на потпирање на сопствените сили и желбата и ентузијазмот на сите луѓе околу нас ни кажува дека дефинитивно ќе имаме уште многу музика за работа, за издавање. За следните две години имаме планирано неколку изданија, безмалку еднаш или двапати месечно ќе вадиме по некој наслов на компакт-диск или како даунлоуд, а од недамна и подетикети или специјализирани саблејблови. Едноставно се разгранува работата и оние кои до вчера биле само музичари или автори на музика, денес веќе имаат идеја што би работеле како издавачи“, потенцира Попов.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG