Достапни линкови

Бавно и неизбалансирано опоравување на светската економија


Директорот на Меѓународниот Монетарен Фонд, Кристин Лагард изјави дека глобалната економија е во бавно и неизбалансирано опоравување. На прес конференцијата пред почетокот на состанокот на ММФ и Светска Банка во Вашингтон, Лагард предупреди дека американските проблеми околу усвојувањето на домашниот буџет, можат да предизвикаат сериозни штети врз американската, но и врз светската економија. Таа додаде дека евро-зоната конечно излезе од рецесија, но оти е потребно довршување на проектот за банкарска унија.
XS
SM
MD
LG