Достапни линкови

ЕУ на Босна ќе и ја намали помошта


Лидерите на Босна и Херцеговина не успеаја да го решат политичкиот ќор-сокак на денешната средба во Брисел со Еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Брисел поради тоа најави дека ќе ја редуцира помошта за Босна и Херцеговина во 2013 година за 54 проценти.
Како нерешени останаа прашањата на дискриминација на националните малцинства во изборните процеси во Босна, како и воспоставување на единствен механизам во рамките на земјата за координација односите со ЕУ.
Европската комисија соопшти дека постапката за намалување на помошта може да запре ако постои решение во текот на следните денови.
XS
SM
MD
LG