Достапни линкови

logo-print

Филмски апсења за заплашување


Полициска акција „Претседавач“. Апсење на десетина луѓе за стопански криминал во Машинопромет. Полицијата трага по претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ.

Полициска акција „Претседавач“. Апсење на десетина луѓе за стопански криминал во Машинопромет. Полицијата трага по претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ.

Спектакуларните апсења не се одлика на нашиот правен систем, на нашиот политички систем. Не смеат да се применуваат такви мерки за спектакуларни апсења, како да ​​се снима филм во Тексас, коментира професор Осман Кадриу.

Власта не реагира на предупредувањата на јавноста, на домашните и странските експерти, како ни на јасните објаснувања од страна на Европскиот суд за човекови права за тоа што значи лишување од слобода, на кој начин се прави тоа и кои се стандардите кои би требало да бидат исполнети за да не биде спротивно на концептот за човекови права и слободи, посочува професор Мирјана Најчевска во врска со последните апсења кои беа изведени пред очите на јавноста.
Ова е само еден елемент од еден комплексен пристап на оваа власт, а тоа е заплашување.

„Ова е само еден елемент од еден комплексен пристап на оваа власт, а тоа е заплашување.“

Она што уште е проблематично во полициските акции е тоа што тие многу лесно можат да се поврзат со одредена политичка конотација, но и не повлекуваат одговорност на надлежните Акција „Шпион“- осомничените изведени пред истражен судија.

Акција „Шпион“- осомничените изведени пред истражен судија.

органи за постапките, вели Најчевска.

Спектакуларните апсења се особено проблематични во нашава држава и тие на некој начин задираат во темелните вредности на уставниот поредок, вели професор Осман Кадриу.
Не смеат да се применуваат такви мерки за апсења спектакуларни, како да се снима филм во Тексас.

„Спектакуларните апсења не се одлика на нашиот правен систем, на нашиот политички систем, дотолку повеќе што за таквите лица секогаш може да се води сметка дека ги штити едно важно уставно начело, а тоа е начелото на презумпција на невиност, а тоа значи дека се додека не се утврди со правосилна судска одлука дека се виновни, како такви не смеат да се третираат, а уште повеќе не смеат да се применуваат такви мерки за апсења спектакуларни, како да Акција „Метастаза“.

Акција „Метастаза“.

се снима филм во Тексас.“

Монтираните процеси и селективноста исто така се криминал и го нарушуваат владеењето на правото и правниот поредок, посочува Кадриу. Она што е неопходно, според него, е да се преиспита надлежноста и евентуалните злоупотреби и пречекорувања од страна на органите кои ги спроведуваат постапките, посочува Кадриу.

„Во сите оние случаи кога овие две појави се појавуваат во органите, посебно во виталните органи на државата кои се за заштита на јавниот поредок, на уставниот поредок, а се појавуваат појавите на злоупотреба на нивната должност или пречекорувања, тогаш секогаш ќе зборуваме за овие резултати, за жал, негативни резултати што сега ги имаме околу безбедноста на луѓето, правна сигурност на луѓето, да стравуваат“, изјави Кадриу посочувајќи дека Македонија според уставот е демократска земја.
XS
SM
MD
LG