Достапни линкови

Вигенин: Договорот за добрососедство е заеднички интерес


Бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин изјави дека е оптимист оти во блиска иднина ќе биде постигнат сериозен напредок во врска со договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.
Во интервју за Бугарското национално радио, Вигенин рече дека проблемите со Македонија на прв поглед изгледаат сложени, но можат да се решат и тоа би било во интерес и на двете земји.
Вигенин уверува дека договорот за добрососедство е заеднички интерес, ќе ги штити бугарските интереси и ќе биде сигурна основа за европски односи базирани на добрососедството.
За договорот за добрососедство, бугарскиот министер за надворешни работи минатата недела во Брисел разговараше со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Во пресрет на објавувањето на новиот извештај на ЕК за Македонија на 16 октомври, бугарските медиуми пренесуваат дека Софија инсистира на склучување на договорот пред евентуалната одлука за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
XS
SM
MD
LG