Достапни линкови

„Ќелија на либиските револуционери“ го уапсила либискиот премиер


Група поранешни бунтовници во Либија соопшти дека го уапсила премиерот Али Зеидан. Претходно беше објавено дека тој бил киднапиран од неговиот хотел во Триполи од вооржени луѓе. Преставник на Групата позната како „Ќелија на либиските револуционери“ соопшти дека тоа е направено поради неговата улога во саботната антитерористичка акција на американските командоси во Триполи кога беше уапсен командант на Ал Каеда. Владата пак соопшти дека немало никаков налог за апсење. Властите Либија, две години по остранувањето на Моамер ел Гадафи, се борат во власта да имаат учество ривалските вооружени групи.
XS
SM
MD
LG