Достапни линкови

Економската не еднаквост е највисока во Русија


Околу 35 проценти од домовите во Русија се во сопственост на само 110 луѓе, се наведува во студијата на инвестициската банка Кредит Свис. Спротивно на тоа, светските милијардери држат во свои раце само 1-2 проценти од вкупното светско богатство.
Според Банката, во Русија еден милијардер доаѓа на секои 11 милијарди долари, додека во другиот дел од светот на еден милијардер е наспроти 170 милијарди долари.
Согласно на тоа Банката заклучува дека во Русија постои највисоко ниво на нееднаквост по расподелбата на богатсвото во светот.
Според Кредит Свис, по колапсот на Советскиот Сојуз, имало надеж дека Русија ќе се претвори во високо квалификувана економија со фер распределба на богатството, но, она што се случило во практика наликувало на пародија.
XS
SM
MD
LG