Достапни линкови

logo-print

Таткото на Едвард Сноуден во Москва на средба со синот


Таткото на поранешниот американски разузнувач Едвард Сноуден пристигна во Москва за да го види неговиот син.
На Едвард Сноуден му беше дозволен привремен азил во Русија, откако предаде детали од програмата за надзор на американската влада и избега од САД.
Сноуден пристигна во Москва во јуни и сега живеел на тајна локација.
Во изјавата за новинарите на аеродрмот во Москва, Лон Сноуден изјави дека тој немал директен контакт со синот Едвард, кој е обвинет за шпионажа и проток на информации до медиумите за масивен домашен и странски надзор вршен од страна на Националната агенција за безбедност.
XS
SM
MD
LG