Достапни линкови

Киднапиран, па ослободен премиерот на Либија


Либискиот премиер Али Зеидан.
Либискиот премиер Али Зеидан.

Либискиот премиер Али Зеидан, како што се јавува, е ослободен. Тој изутрината бил киднапиран од неговиот хотел во Триполи од вооржени луѓе. Причина за ова е саботната антитерористичка акција на американските командоси во Триполи.

Според либиската влада премиерот Али Зеидан бил ослободен. Претходно Група поранешни бунтовници во Либија соопшти дека го уапсила премиерот Али Зеидан. Беше објавено дека тој бил киднапиран од неговиот хотел во Триполи од вооржени луѓе. Преставник на групата позната како „Ќелија на либиските револуционери“ соопшти дека тоа е направено поради неговата улога во саботната антитерористичка акција на американските командоси во Триполи кога беше уапсен командант на Ал Каеда. Владата, пак, соопшти дека немало никаков налог за апсење.
Владата се сомнева оти зад денешното киднапирање стојат две поранешни бунтовнички групи: Советот на револуционери и Бригадата за борба против криминалот кои во принцип се во рамките на министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

Властите во Либија, две години по остранувањето на Моамер ел Гадафи, се борат во власта да имаат учество ривалските вооружени групи.

Апсењето на Зеидан доаѓа по изјавата на американскиот државен секретар Џон Кери дека за операцијата за грабнувањето на Абу Анас ал Либи била известена либиската влада, соопшти претставник на групата позната како Соба на либиските револуционери.

Претходно либиската влада соопшти дека претседателот на транзиционата влада Али Зеидан од непозната група бил однесен на непозната дестинација. Во кусото соопштение исто така се додава дека не се познати ни причините за неговото киднапирање.

Саботната акција на американските сили во Триполи преставуваше своевиден удар за либиската влада која се најде и под притисок на домашната јавност, особено на поранешните бунтовнички групи кои во 2011 година доведоа до паѓање на режимот на диктаторот Моамер ел Гадафи.
Владата веднаш изрази сомневање оти зад денешното киднапирање стојат две поранешни бунтовнички групи: Советот на револуционери и Бригадата за борба против криминалот кои во принцип се во рамките на министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

Владата побара од населението да остане мирно.

Агенциите јавуваат дека тоа се случило во хотелот „Коринтија“ каде што премиерот живее во Триполи.

На интернет се појавија фотографии на кои се гледа дека Зеидан без очила и со раскопчана кошула во придружба на вооружени лица го напушта хотелот.

До ова дојде само пет дена откако американски командоси го упасија Абу Анас ал Либи еден од главните лидери на Ал Каеда, кој е обвинет за бомбашките напади врз американските амбасади во источна Африка во 1998 година.

Саботната акција на американските сили во Триполи преставуваше своевиден удар за либиската влада која се најде и под притисок на домашната јавност, особено на поранешните бунтовнички групи кои во 2011 година доведоа до паѓање на режимот на диктаторот Моамер ел Гадафи.

Тие ја обвинуваа владата дека соработувала со американските специјални сили и дозволила да биде уапсен Ал Либи. Владата тоа го демантираше. Али Зеидан е прв избран премиер на Либија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG