Достапни линкови

Судири на бунтовниците и владините сили во Сирија


Сириската организација за човекови права соопшти дека најмалку 22 опозициски бунтовници и десетици припадници на режимските сили загинале за време на борбите во југот на Дамаск. Владината новинаска агенција Сана јави дека владините сили обезбедиле контрола врз градот Хусеинијах.
Во меѓувреме бунтовниците ја презедоа одговорноста за бомбардирањето во Хомс, при кое беа уништени двете главни рафинерии за нафта на земјата.
XS
SM
MD
LG